Полицаецот кој ги камшикуваше членките на Пуси Рајот бил непресметлив

Козакот, кој пред неколку дена маваше со камшик по членовите на групата групата Пуси Рајот бил непресметлив, изјави рускиот заменик-премиер Дмитриј Козак.


1393062563000-GTY-470578249

Членките на групата поминаа пет дена во Сочи во снимање на својот нов видео. Групата Козаци од руската полиција ги нападна на самиот почеток на снимањето, а „непресметливиот“ Козак го искористи своето традиционално оружје – камшикот за да мава по нив.

„Овие жени дојдоа да предизвикаат конфликти”, додаде Дмитриј Козак, кој за медиумите вели дека членките на Пуси Рајот имале конфликт и со локалните жители.

Медиумите во петокот објавија дека сторителот бил приведен за испрашување, но не сакаат да го соопштат неговото име. Не се наведува ни дали приведениот завршил во болница или во затвор, објави Usatoday.