Политиката наспроти партијата: Што ни е потребно за ЕУ?

Во четврток со почеток во 18.00 часот, во просториите на ГЕМ Клубот (Менада) во Старата скопска чаршија ќе се одржи дебата на тема: “Политиката наспроти партијата: Што ни е потребно за ЕУ?“.

Политиката наспроти партијата: Што ни е потребно за ЕУ?

Панелисти на оваа дебата ќе бидат: проф. д-р Билјана Ванковска, доцент д-р Ненад Марковиќ, м-р Емил Атанасовски и м-р Ивица Боцевски.

Дебатата е во рамките на активностите за месец на Европа, на Младите Европски Федералисти на Македонија (ЏЕФ – Македонија) во партнерство со Фондацијата Фридрих Еберт.