Полихимниа – музички фестивал за ученици и студенти

Од 26 до 31 март во Скопје ќе се одржи четвртиот Меѓународен фестивал „Полихимниа”.

Во рамки на фестивалот ќе се одржи натпревар за ученици и студенти за различни инструменти (пијано, виолина, виолончело, гитара, флејта, кларинет, хорна, труба, обоа, соло пеење и камерна музика.).

Покрај ова, ќе има и Гала концерт за отварање на фестивалот, концерти на гости од Хрватска и Грција, семинари за повеќе инструменти, стручни предавања и завршен концерт на најдобрите натпреварувачи, а на победникот ќе му се додели наградата Лауреат на фестивалот.

На 26 март во 20 часот ќе се одржи концертот на Милтијадис Касарас ( Р.Грција ) во Даут Пашин Амам. Следниот ден, од 20 часот ќе се случува Гала концертот на гостите – професори од повеќе европски земји во камерната сала на Македонската филхармонија. На 30 март од 20 часот ќе се одржи концертот на дуо флејта и пијано – Јелена Тихомировиќ и Метод Сирониќ ( Р.Хрватска ) салон „19,19“.

На последниот ден, 31 март, фестивалот ќе заврши со концерт на најуспешните ученици и студенти на натпреварот .

Влезот за сите концерти и активности на фестивалот е слободен.