Полицијата во Норвешка запленила електричен тротинет кој бил три пати побрз од дозволеното

Полицијата во Осло запленила приватен електричен тротинет, чиј софтвер бил прилагоден така што неговата максимална брзина била 58 километри на час, што е речиси три пати повеќе од законски дозволената граница, пренесува српски „Н1“.

Електричниот тротинет е запленет за време на акциската контрола во понеделникот во центарот на Осло, во заедничка операција со норвешката Управа за јавни патишта.

Покрај заплената на тротинетот, запрени се и двајца други возачи, поради сомнеж дека нелегално возеле премногу брзо.

Максималната брзина на електричните тротинети во Осло е ограничена на 20 километри на час.

Изнајмувањето на тротинетите стана вообичаено во европските градови, каде тие честопати се оставаат расфрлани по тротоарите.