Полицијата почна да ги апси активистите на Стендинг Рок во Северна Дакота, кампот е евакуиран

Само околу 20-тина активисти останаа во кампот на протестанти против изградбата на нафтовод во Северна Дакота, откако после опомена од полицијата ги натера активистите доброволно да си заминат, а десетмина биле и уапсени.

Десетте активисти биле уапсени на патот во близина на кампот, каде полицијата не влегла, според гувернерот на Северна Дакота Даг Бургум. Бургум вели дека евакуацијата на кампот поминала „многу лесно“ и очекува дека владата ќе има непречен пристап до кампот од утре.

Затворањето на Оцети Саковин, централниот камп во областа Кенон Бол, е уште еден удар за движењето кои привлече илјадници активисти и еколози, како и домородни американски племиња да протестираат против нафтоводот, кој ќе го загрози екосистемот, но и ќе го уништи културното наследство на индијанските племиња.

Во последните часови пред евакуацијата, некои активисти запалиле градби околу кампот каде илјадници луѓе имаа изградено привремени градби и огромни засолништа во изминатите месеци.

Според полицијата и еден сведок, се случила и ексползија на кампот за време на пресметка со полицијата. Седумгодишно дете и 17-годишна девојка биле одведени во болница поради изгореници.

Причината за експолозијата и сериозноста на повредите се се уште непознати.