Полицијата на САД следела демонстранти преку Фејсбук, Инстаграм и Твитер

Американската унија за граѓански слободи (ACLU) на Северна Калифорнија вели дека за време на протестите во Фергусон и Балтимор, властите собирале податоци од социјалните мрежи на демонстрантите.

Според ACLU, Твитер, Фејсбук и Инстаграм не биле директно вмешани во пренесување на податоците. Наместо тоа, услуга за надгледување на социјалните медиуми наречена Gеofеedia им овозможила на повеќе од 500 владини агенции да надгледуваат цивили.

Компанијата предава информации за локацијата на корисникот на социјалните медиуми, како и други информации поврзани со бунтовите во Фергусон, Мисури и Балтимор, Мериленд.

Унијата забележува дека трите гиганти на пазарот на социјални медиуми го забраниле или намалиле пристапот на услугата до „стримот“ на јавни објави. Сепак, веруваат дека сепак има многу ограничувања кои треба да се направат, бидејќи овие компании тврдат дека нивните платформи се наменети за да обезбедат слобода на говор за социјалните и политичките проблеми, но често служат и како алатки за надзор кои можат да ја ограничат таа слобода.

Поради тоа, Унијата ги повикува социјалните медиуми да воведат строги правила кои ќе забранат пристап до податоци на агенциите и развивачите на алатки за надзор.

Никол Озер, директор за технологија и граѓански слободи на Американската унија на граѓански слободи на Калифорнија, изјавила: „ACLU не треба да им кажува на Фејсбук или Твитер што прават нивните програмери. Компаниите треба да воведат силни јавни правила и да ги прекинат процедурите на преземање податоци, за да се осигураат дека нивните платформи не се користат за дискриминаторен надзор“.