Британската полиција го истражува тајниот уличен уметник Бенкси, кој понуди бесплатен принт од негов графит за секој гласач од Бристол, кој ќе му потврди дека гласал против Конзервативната партија.
Бенкси вели дека принтовите од неговиот познат графит „Девојче со балон“ ќе бидат испратени на гласачите по пошта. На неговата веб страница пишува дека принтот ќе биде испратен еден ден после изборите, на 9 јуни.
Полицијата на Авон и Самерсет изјави дека започнале истрага.
Statement in relation to the offer of a free #Banksy print in exchange for people voting a certain way in the forthcoming general election. pic.twitter.com/XtV5T0Qnbn
— Avon&Somerset Police (@ASPolice) June 5, 2017
„Добивме повеќе поплаки за понудата на Бенски за бесплатен принт на луѓето кои живеат во шест области во Бристол, во замена за тоа да гласаат на одреден начин на претстојните избори. Можеме да потврдиме дека ја истражуваме понудата“.
„Кривичен прекршок е според закон од 1983 година, секој гласач да прими или да се согласи да прими подарок или слично, во замена за гласање на одреден начин или воздржување од гласање. Секоја личност која учествува во понудата да прими подарок ризикува да биде обвинета“.
Бенкси на својата веб страница објави: „Едноставно пратете фотографија од вашето гласачко ливче на денот на изборите, покажувајќи дека сте гласале против кандидатот на Конзервативците, и ќе ви биде испратен по пошта подарок“.
Иако многумина потенцираат дека акцијата е нелегална, Бенски се правда дека принтот е само сувенир, „нема монетарна вредност, за цел има само да забавува и строго не треба да се препродава“.