Крадец во Торонто кој бил фатен како крадe облека доби втора шанса од полицискискиот службеник кој дошол да го уапси.
Ниран Џијанисан изјавил дека вработените во продавницата фатиле 18-годишен крадец кој се обидувал да украде кошула, вратоврска и чорапи.
Кога пристигнал на местото, тој сфатил дека крадецот го прави тоа за да се подготви за интервју за работа.
Тогаш, тој одлучил да го пушти и да ги плати работите што се обидел да ги украде младиот крадец.
„Овој млад човек се соочува со своите проблеми во животот и се обидува да го надмине сето тоа преку снабдување на својата фамилија и обидувајќи се да добие работа“, изјави Џијанисан.
„Оваа личност немала никакви приходи“, додаде тој.
„Тој сакаше да ја добие работата. Тоа беше неговата желба. Мислам дека навистина направи грешка“.
Неговиот наредник Пол Боис го поздрави гестот на Џијанисан.
„Неговото апсење немаше да биде во најдобар интерес за сите“, рече тој.
„Реагирав позитивно на веста, сите проблеми биле решени со акцијата што ја направил полицаецот“, додава.
Според него, ова ја враќа позитивната слика за нив во заедницата.