ПОЛАРИС С02Е19 – ЕМИСИЈА ПОСВЕТЕНА НА НАУЧНАТА ФАНТАСТИКА, ФАНТАЗИЈАТА И ХОРОРОТ

Во оваа нова ПОЛАРИС епизода нурнуваме во длабочините на умот на Хауард Филипс Лавкрафт, творецот на космичкиот хорор за постоењето на битија и сили надвор од нашите поимања на универзумот и еден од највлијателните хорор писатели на сите времиња, чии дела се инспирација на многу музичари, ликовни уметници, писатели и кинематографи, со посебен акцент на The Call of Cthulhu.