Поларис С01E18 – Емисија посветена на научната фантастика, фантазијата и хоророт

Polaris – Episode 18 by Radio Mof on Mixcloud

Во денешната епизода на Поларис на Радио МОФ, го истражиме светот на Сузана Ашфорт, која после одземањето на сопствениот живот се среќава со една мистериозна жена која ќе и понуди искупување за нејзините гревови доколку и исполни една услуга…

Сузана е главниот лик во хорор играта The Cat Lady, мал скапоцен камен на Михал Мичалски и неговото студио Harvester Games, во која преку натприродното и психолошкото се проучува можеби една од најтешките состојби на човечката душа – депресијата.