Пол Макартни, Елтон Џон, Аланис Морисет и Лејди Гага на 18 април на онлајн концерт „Еден Свет: Заедно дома“

Пол Макартни, Стиви Вондер, „Грин деј“, Аланис Морисет, Андреа Бочели, Крис Мартин од „Колдплеј“, Еди Ведер од „Прл Џем“, Елтон Џон, Кит Урбан, Били Ајлиш и нејзиниот брат Финиас се меѓу музичките артисти кои на 18 април ќе настапуваат на „Еден Свет: Заедно дома“, онлајн концерт за поддршка на солидарниот фонд на Свестската здравствена организација за Ковид-19 и за поддршка на здравствените работници ширум светот.

Стриминг концертот е куриран од Лејди Гага, која исто така ќе настапува на „Еден Свет: Заедно дома“, објави Гардијан.

Домаќини на настанот ќе бидат американските ток-шоу лица Џими Фалон, Џими Кимел и Стивен Колберт, а ќе се пренесува живо преку американските ТВ мрежи Еј-Би-СИ, Си-Би-Ес и Ен-Би-СИ. Исто така, ќе има стриминг онлајн од 20 часот вечерта (2 часот по полноќ во Македонија).

Би-Би-Си 1 ќе прикажува адаптирана верзија на концертот на 19 април, вклучувајќи ексклузивни настапи од британски артисти и интервјуа со здравствени работници.

Се очекува да се појават и други познати лица како Дејвид Бекам, Идрис и Сабрина Елба, Кери Вашингтон, Пријанка Чопра Јонас, Шах Рут Кан и екипата на „Сесам Стрит“.

„Ху“ и социјалната платформа „Глобал Ситизен“ во партнерство ќе го продуцираат настанот.

На прес-конференција на „Ху“, Лејди Гага кажа дека таа помогнала да се се соберат 35 милиони долари за „Глобал Ситизен“ во минатата недела. Таа појасни дека „Еден Свет: Заедно дома“ не е телевизиски фандрејзер и ќе се фокусира на забава и пораки за солидарност, со цел филантропи и деловни субјекти да донираат пред настанот за фондот за солидарност за Ковид-19.

Генералниот директор на „Ху“, Тедос Аданом Габриезус рече: „Можеби ќе треба да бидеме физички разделени уште некое време, но, сепак, мора да се собереме виртуелно за да уживаме во одлична музика. Концертот ‘Еден Свет: Заедно дома’ е моќно шоу за солидарност против заедничката закана“.