Пол Кругман: Тешко е да се каже зошто биткоинот има вредност

Американскиот економист и нобеловец Пол Кругман оценува дека е тешко да се каже зошто биткоинот има вредност и истовремено го нарекува – еден вид виртуелно богатство.

Пол Кругман: Тешко е да се каже зошто биткоинот има вредност

Во текст во Њујорк тајмс, со наслов Биткоин и варварството, Кругман вели дека на сила е монетарно назадување – односно необична решеност на многу луѓе да се вратат час наназад и да свртат грб на векови прогрес.

Според него, биткоинот е сличен на злато, бидејќи нови биткоини може да се добијат само со решавање сложени математички проблеми кои бараат моќни компјутери и многу струја за нивно напојување.

Кругман вели дека за создавање на биткоин се користат природни ресурси и дека најголем „рудник“ за негово „ископување“ е на Исланд каде струјата има најниска цена.

Но, според него и покрај тоа што цената на златото е намалена се уште е трипати повисока отколку пред 10 години поради што ископувањето мора да продолжи.

„Рудникот“ на Исланд тој го споредува со рудникот Поргера во Папуа Нова Гвинеја, еден од најголемите светски производители на злато кој е општопознат по нехуманите услови и штетноста по животната средина.