Покана за училишта на конференција против насилството врз децата на Западен Балкан

Владата на Република Северна Македонија е домаќин на конференција „Проширување на акцијата за ставање крај на насилството врз децата на Западен Балкан“ која ќе се одржи на 28 и 29 ноември 2019 година во Скопје.

Оваа конференција ќе им даде можност на земјите од Западен Балкан да споделат позитивни практики и да ги здружат напорите за ставање крај на насилството врз децата.

Од Министерството за образование и наука ги покануваат училиштата и сите други заинтересирани субјекти да присуствуваат на конференцијата, преку регистрација на следниот ЛИНК.

Регистрацијата преку линкот е задолжителна, а во апликацијата секој кој се пријавува има можност да избере дали сака да присуствува на еден или на двата денови од конференцијата.

На следниов линк може да ја погледнете агендата на конференцијата и покана.