Погрешно поставен пешачки премин во Белград поттикна критики и потсмев кон властите

Фотографија од пешачки премин во Нов Белград деновиве предизвика критики и шеги упатени кон локалните власти.

Станува збор за нов пешачки премин кој се наоѓа во близина на идната автобуска станица. Она што предизвика реакции е поставеноста на самиот премин кој првично завршувал во тревник.

Откако фотографијата ги преплави социјалните мрежи, работници експресно го пребоиле претходниот пешачки премин и направиле нов, сега уредно поставен, пренесува НоваРс.

Фото: Горан Срданов/Nova.rs