Погребот на Lemmy Kilmister ќе се стрима во живо на YouTube

Сите обожаватели се поканети да „присуствуваат“ на погребната церемонија на починатиот фронтмен на Motörhead, која ќе се прикажува во живо на YouTube во сабота навечер.

Деталите за погребот на Ian “Lemmy” Kilmister се објавени, а секој е поканет да го  следи онлајн. Легендарниот фронтмен на Motörhead, кој почина на 28 декември 2015, ќе биде погребан во Холивуд на 9 јануари, во сабота, пишува Guardian.

Според изјава на Facebook страната на бендот, пријателите и семејството се поканети да присуствуваат на церемонијата во Forest Lawn Memorial гробиштата во Холивуд, Лос Анџелес. Ги замолуваат обожавателите да не го посетуваат погребот, а наместо тоа да го следат преку live stream на овој линк.

„Сакаме сите вие да бидете дел од оваа служба“, пишува бендот. „Затоа, каде и да сте, соберете се и гледајте заедно со другите обожаватели (Motörheadbangers). Одете во вашиот омилен бар или клуб, осигурајте се дека имаат пристап до интернет и наздравете со нас. Или едноставно поканете ги своите другари и славете го животот на Lemm дома. Каде и да се наоѓате и како и да можете, ајде да се собереме глобално во сабота на 9-ти и да го славиме животот на нашиот драг пријател и незаменлива икона“, додаваат.