Поезија, музика и изложба во чест на Димитар Младеновски

Во галеријата при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци, утре (18 јуни) ќе биде отворена Ретроспективна изложба во чест на Димитар Младеновски.

Отворањето ќе биде проследено со настап на Breakdown Band (со Пеце Суперхикс) и поетско читање на одбрана поезија од Димитар Младеновски со актерката Елизабета К. Младеновска.

„Се гледаме во вторник, на 18 јуни 20 часот во Дом на култура Кавадарци на една исклучителна мултимедијална уметничка вечер. Вечер која меѓу другите настани ќе го одбележи културниот и уметнички филинг на Кавадарци во јуни 2019“, се вели во најавата за настанот.

Ликовниот уметник Димитар Младеновски (04.12.1970 – 15.10.2007) е еден од македонските ликовни уметници од помладата генерација, кој остави траен белег на модерната македонска ликовна сцена и покрај неговото прерано заминување.

Меѓу другото, познат е и на кавадаречките љубители на ликовната уметност со неговите учества на кавадаречките ликовни колонии и соработката со кавадаречките ликовни уметници.