Поетско читање во женскиот дел на „Издризово“, осуденичките преку култура се ресоцијализираа

Во понеделникот во женското одделение на КПУ „Идризово“ се одржа културно-уметнички настан, на кој неколку осуденички јавно читаа нивни авторски песни и песни од македонски поети.

Како надворешна поддршка присуствуваше композиторот и поп-пејач Иле Спасев, кој испеа неколку негови авторски песни и други македонски поп хитови.

Настанот е организиран од КПУ „Идризово“ и е дел од процесот на ресоцијализација на осудените лица, кој треба да им помогне да ја вратат довербата во институциите и активно да се вклучат во просоцијалниот живот.

Ова е втор ваков настан годинава, откако неколку познати рап изведувачи пред неколку месеци одржаа настап во машкиот дел на КПУ „Идризово“.