Поетско читање во социјалниот центар „Дуња“

Во новоотворениот социјален центар „Дуња“ во Скопје вечерва ќе се одржи читање на поезија, кое ќе започне во 19 часот.

Со овој настан ќе започне серија на идни поетски читања во отворениот простор, соопштуваат организаторите.

„Секој кој е заинтересиран може да ни прати порака на страната на Социјален центар ,,Дуња” и ќе може да учествува. Ако сте од поспонтаните, едноставно дојдете во среда, нека ве понесе атмосферата и придружете се во читањето“, пишува во најавата за настанот.

Поезијата може да биде сопствена или од други автори. Досега пријавени за поетското читање се:

Андреа Коцев
Андреј Јованчевски
Марија Гегоска
Никола Илиевски
Ана Пановска
Кирил Дончов
Исток Улчар
Диме Данов
Горјан Трајкоски
Мануела Златкова
Мирјана Димовска
Ирена Трајкова
Ивана Смилевска
Борис Јарчевски
Методи Ефремов