Книжарницата „Блесок“ вечерва организира поетско читање со авторите Марко Томаш и Бојан Марјановиќ.
Томаш е роден во Љубљана 1978 година. Основно училиште посетувал во Мостар и Кљајичево, а гимназија завршил во Сомбор. Тој е еден од основачите и уредниците на Колапс. Новинарски текстови има објавувано во БХ Дани, Глас Истре и Ферал трибјун, а во моментов работи за zurnal.info. Објавувал поезија и проза на босанско-херцеговски, хрватски и српски. Песните му се преведени на италијански, полски, германски и англиски јазик. Живеел и работел во Сараево, Загреб и Сплит. Моментално живее и работи во Мостар.
Бојан Марјановиќ (Ужице, 1990), дипломирал новинарство на Факултетот за политички науки во Белград. Ја објавил поетската збирка „Политика, порнографија, поезија“ (Књижевна радионица Рашиќ, 2015). Ја добил стипендијата на НИН за роман во создавање за 2015 година, како и наградата Лаза Лазаревиќ за необјавен расказ за 2013 година. Објавува раскази, песни и есеи во периодиката. Живее во Белград каде што работи како новинар за списанието „Лицеулице“ и објавува свои новинарски текстови и книжевна критика во медиумите низ Југославија. Од декември 2013 година, заедно со Тијана Спасиќ работи како уредник на книжевната програма Градска библиотека на културниот центар Град.
Поетското читање со овие автори ќе се одржи во кафулето „Концепт 37“, со почеток во 20 часот.