Поетско читање и разговор со Михаел Кругер

Издавачката куќа „Блесок“ ќе одржи читање и запознавање со германскиот автор Михаел Кругер во сабота, во кафе-книжарницата „Децата од нашата улица“ со почеток од 20 часот.

Во рамки на промоцијата ќе се претстави авторот, ќе има разговор и читање поезија на македонски и германски јазик со проекција на македонскиот превод. Во чест на Игор Исаковски, авторот ќе прочита две негови песни во превод на германски. Во последниот дел е предвидено време за прашања од публиката, а потоа и потпишување на книги.

„После природата“ на Кругер излезе во 2012 година во издание на Блесок, избор на песните и превод од германски Елизабета Линднер.

Модератор на настанот ќе биде Никола Маџиров.