Поетски портрет на Љерка Тот Наумова ќе се одржи утре во 12 часот во Друштвото на писателите на Македонија, по повод 40-годишнината од излегувањето на нејзината прва стихозбирка „Шепот на љубовта“ и објавувањето на најновото поетско остварување под наслов „Зародиш на повикување“.
За творештвото на Љерка Тот Наумова ќе зборуваат проф. д-р Васил Дрвошанов и м-р Марина Мијаковска. Стихови ќе чита Александра Велинова, а музичката придружба ќе биде на Миле Јовановски Поречанец.
Љерка Тот Наумова е член на ДПМ од 1991 година. Автор е на 15 стихозбирки. Нејзината поезија е преведувана на повеќе јазици, меѓу кои: англиски, турски, грчки, италијански, абански и влашки. Застапена е во неколку антологии на современата македонска поезија. Член е и на Друштвото на хрватските писатели.