Поетски конкурс на Студент ФМ – „Поезија во глувата соба“

Студент ФМ 92.9, радиото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ по четврти пат го распишува конкурсот за избор на најдобар млад поет дебитант – „Поезија во глувата соба“.

Право на учество имаат сите заинтересирани студенти кои досега не објавиле поетска збирка.

Заинтересираните треба да испратат пет поетски творби напишани на македонски јазик и кирилично писмо, заедно со своите податоци: име, презиме, факултет и контакт, на мејл адресата: poezija929@gmail.com, најдоцна до 15 март 2015 година.

Најдобрите тројца ќе учествуваат на специјалниот поетски радио перформанс „Поезија во глувата соба“ на фреквенцијата Студент ФМ 92,9.