Поетски читања по повод две години од основањето на Светската унија на поети

По повод двегодишнината од основањето на Светската унија на поети, Школата за поезија во Македонија ќе вечерва се организираат два поетски настани , во грамафон кафетеријата „Vynil“ во Скопје, како и поетското читање за средношколци во гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово.

Организаторите најавуваат пријатна дружба со видео проекција, официјално читање поделено во два круга и секако, слушање на ретро македонска музика по завршувањето на поетските рецитали. Освен овие настани е предвидено да се направи и првата е-книга во која ќе биде застапена авторска поезија од членовите на Школата за поезија, која ќе биде промовирана денеска.

Светската унија на поети е основана од италијанскиот кандидат за Нобелова награда за литература, писателот и поет Силвано Бортолаци. Како дел од неа функционираат делегации, односно Школи за поезија (Scuola di poesia) во неколку држави во светот, меѓу кои и во Македонија. Македонската школа за поезија почна да функционира во август 2015 година, по прогласувањето на концептуалниот уметник, поет и граѓански активист Митко Гогов за амбасадор и претставник за Македонија.

Во моментот во делегацијата на Македонија членуваат повеќе од 100 членови, а ова е нивен прв официјален настан. Освен во Македонија, вакви поетски читања ќе има во неколку држави.