Поетесата Елена Пренџова добитничка на наградата „Даница Ручигај“

Поетесата Елена Пренџова е добитничка на наградата „Даница Ручигај“ што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија за најдобра стихозбирка од авторка, членка на македонската писателска асоцијација. Наградата на Елена Пренџова и е доделена за стихозбирката „Полтички коректна“, објавена во издание на „Матица македонска“.

Доделувањето на наградата е дел од активностите на Клубот на писателките, членки на ДПМ, што го носи името на познатата македонска поетеса Даница Ручигај. Признанието годинава се доделува за прв пат.

„Творечките особености и квалитети во новата поетска книга на Елена Пренџова ја зацврстуваат оваа суптилна и бескомпромисна поетеса во редот на најосведочените лиричарки што ја красат нашата поезија, од кои едно од првите места и припаѓа на незаборавната Даница Ручигај“, пишува во образложението, селекторот за доделување на наградата , поетот и литературен критичар Санде Стојчевски.