Мала роботска подморница наречена Боути МекБоутфејс, откако името победи на онлајн гласање, е испратена на својата прва мисија на Антарктикот.
Боути, брод со најпознато име во неодамнешната историја, е нов тип на автономно подводно возило (AUV), кој ќе може да патува под мраз, да достигне длабочина од 6000 метри и да ги пренесува податоците кои ги собира на истражувачите преку радио врска.
Неговата мисија ќе биде да го истражува текот на водата и турбуленциите во темните длабочини на преминот Оркни, регион длабок 3,5 километри во Јужниот Океан. Податоците кои ги собира ќе им помогнат на научниците како океанот реагира на глобалното затоплување.
Името го доби откако Советот за истражување на природната средина (NERC) на Велика Британија побара од јавноста да предложи имиња за својот нов брод за поларни експедиции.
Кога претходниот радио водите на ББЦ, Џејмс Хенд на шега го предложи името Боути МекБоутфејс, за кратко стана најпопуларниот избор и името победи со голема предност.
Сепак, советот реши дека последниот избор ќе биде негов, па бродот вреден 200 милиони фунти го именуваа според Сер Дејвид Атенборо.
Но, за да не ја налутат јавноста и да покажат дека „сепак постои демократија“, Боути МекБоутфејс сега е името на далечински управуваното подморско возило.