Нови претседатели добија подмладоците на двете најголеми партии – ВМРО и СДСМ.
Потесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ одлучи за нов претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПНЕ да го назначи Владимир Нелоски.
Нелоски во предходниот состав на подмладокот на партијата беше член на Извршниот комитет и претседател на републичката комисија на студенти.
Нов претседател на Унијата на жени пак стана Даниела Рангелова, актуелна и како советник од ВМРО ДПМНЕ во општина Центар.
Пред помалку од еден месец, на изборната Конференција и Социјалдемократската младина на Македонија доби нов претседател.
Избран беше Стефан Богоев, истакнат член на најголемата опозициска партија.
Богоев е досегашен член и на Извршниот одбор на СДММ.