[Подкаст] Што е муабетот со студентските собранија?

Девет месеци од донесувањето нов Закон за високо образованиe, нема распишано избори за основање студентски собранија на државните факултети.

А со тоа, нема ниту студентски претставници кои ќе носат одлуки во универзитетските тела, и ќе седат на иста маса со професорите, ректорите, деканите.

Што се случува со студентските собранија, кога ќе може да се распишат првите избори, дали се незаконски одлуките на универзитетите донесени без студентски претставници?

Третиот подкаст „Што е муабетот со…“  го посветуваме на студентите и студентското организирање.