[Подкаст] Што е муабетот со новиот студентски лидер на УКИМ

Студентот Борјан Ефтимов од Правниот факултет е новиот студентски лидер на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Тој деновиве се всели во канцелариите на некогашниот Студентски парламент откако го победи неговиот противкандидат Александ Ѓорѓиевски од ФИНКИ на изборите за претседател на Универзитетското-студенско собрание.

Во оваа епизода на Што е муабетот со… Ефтимов објаснува што претставува оваа функција и какви одговорности имаат новите студентски тела.