[Подкаст] Што е муабетот со новиот коронавирус?

Последниве три месеци светот е мобилизиран поради новиот коронавирус Ковид – 19.

Се појави во декември во кинескиот град Вухан, а во моментов е проширен во преку 56 светски држави на сите населени континенти, меѓу кои и Северна Македонија.

Колку е опасен Ковид – 19? Како се пренесува? Дали хирушките маски штитат од зараза со овој вирус? На овие прашања во „Што е муабетот со…“ разговараме со доктор Ненад Лазаров, претседател на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари.

Телефонските броеви на надлежните центри на јавно здравје низ Северна Македонија и сите дополнителни информации може да ги најдете на посебната страница на Министерството за здравство на следниов ЛИНК.

Даниел Евросимоски