[Подкаст] Што е муабетот со кризната состојба?

Приватните текстилни фабрики би можеле да добијат налог за шиење заштитни маски, на располагање може да се стават капацитетите на приватните болници, а хемиските фабрики да се искористат за правење дезинфициенси во случај на нивен недостиг. Ова се дел од работите кои може да профункционираат откако ќе биде прогласена кризна состојба, која надлежните најавија дека ќе биде воведена до крајот на денот, поради коронавирусот кој моментално е во најинтензивната фаза од почетокот на неговото појавување.

Што претставува воведувањето на таквата состојба? Какви се ингеренциите на Владата? Што е разликата со вонредната состојба и дали воведувањето на вакви состојби значи воведување на полициски час или карантин?

На овие, но и на други прашања, зборуваме со Гоце Коцевски од Македонското здружение на млади правници. Подкастот може да го слушнете на линкот подолу:

Мартин Колоски