[Подкаст] Што е муабетот со донирањето органи?

Во Северна Македонија, програмата за трансплантација започнува во 2013 година. Прво се започнало со трансплантација на бубрези, а од скоро и на срце. Најмладиот донор досега имал само 15 години, чиј бубрег помогнал на друг пациент.

Кога станува збор донирање на органи – последниот збор го има фамилијата. Освен ако личноста изрично преку нотар каже дека не сака да биде донор. Односно, не може да се отиде на нотар и да се даде изјава дека сакате да ги донирате своите органи, без притоа да биде консултирана вашата фамилија.

Радио МОФ разговараше со Маја Мојсова Мијовска, Национална координаторка за трансплантација за да ни појасни што е муабетот со донирањето органи.