[Подкаст] Што е муабетот со 120 денари за студентски оброк

Редовните студенти од државните и приватните факултети од наредната академска година ќе добиваат 120 денари дневно за оброк. Синоќа пратениците дадоа зелено светло за Законот за студентски субвенциониран оброк, чија идеја е да ги замени кифлата и јогуртот со поздрава храна, која би била прифатлива за студентскиот џеб.

Што е муабетот со овој Закон претходно ни објасни Моника Зајкова, потпретседателката на Либералната демократка партија. Тие беа дел од предлагачите на законот и се негови иницијатори.