[Подкаст] Мегафон: Волонтерството како вредносен систем, а не скалило за вработување

Под слоганот „за инклузивна иднина“ милиони волонтери низ светот овој 5-ти декември го одбележаа Меѓународниот ден на волонтерството. Но, во македонската јавност одбележувањето помина речиси незабележително. Малкуте информации за организираните настани, доделените награди и пораките кои ги испратија волонтерите, и оваа година останаа во сенка на дневно-политичките теми.

Токму затоа, овој Мегафон го посветуваме на волонтирањето. Отвораме неколку теми за тоа колку граѓаните сакаат доброволно да придонесат за заедницата и како се развива волонтерската вредност во С. Македонија.

Новата епизода можете да ја слушнете на плејерот во продолжение: