[Подкаст] Мегафон: Што се промени една година по трагедијата на Кајмакчалан?

На 10 февруари ќе помине точно една година од смртта на младите планинари Калина Велевска и Александар Миновски, настан кој ја вознемири македонската јавност и отвори многу прашања околу процедурите за безбедност при планинарењето.

Една година по трагедијата на Кајмакчалан, во третата епизода на Мегафон, анализираме што се промени во планинарењето во Македонија, како функционираат спасувачките служби, дали може да се минимизираат опасностите при искачувањата на планина.

Во Мегафон зборуваат Дарио Милошевиќ од Приватната спасителна служба, Надица Вчкова од Центар за управување со кризи, Горан Николовски од Федерацијата на планинарски спортови, Арѓенд Чиљафи од спасувачката служба при Црвен крст, Силвана Жежова, новинарка и планинарка и Дејан Атанасов од планинарскиот клуб „Македон“.