[Подкаст] Мегафон: Корупција, хомофобија, скапи бифеа – Студентски проблеми за 2020

Конечно се одржаа студентските избори. Гласањето за новиот формат на претставниците на студентите помина мирно и регуларно, без полициски специјалци и скандали, но и без голема излезност на младите.

Но, вистинскиот предизвик за новите претставнички тела започнува сега, а стартот не беше баш охрабрувачки, и го одбележа една многу контроверзна одлука.

Во оваа епизода на „Мегафон“ зборуваме на овие теми и ви ги пренесуваме размислувањата на студентите за промените кои се случуваат во нивните факултети.

Епизодата слушнете ја на плејерот во продолжение: