[Подкаст] Борбата за родова еднаквост сè уште трае – разговор со Калиа Димитрова од „Медуза“

Борбата за родова еднаквост сè уште трае. Само во последните месеци се појавија повеќе случаи кои покажуваат дека родово базираното насилство и понатаму е присутно, во светот, но и на домашен терен.

Во Северна Македонија повторно одекна случајот „Јавна соба“, каде во онлајн просторот беа споделувани фотографии и лични податоци од стотици девојки и жени од целата држава, без нивна дозвола.

На овие теми, во новиот подкаст на Новинарскиот клуб на Радио МОФ, разговараме со Калиа Димитрова од феминистичката платформа „Медуза“, кои беа дел од организаторите на маршот за 8 Март, чија порака гласеше: „Држава што не постапува е држава што силува“.

Подкастот го подготвија Вида Апостолоска и Кристина Ласкова.