Корисникот на Твитер Дејвид Киркланд, кој јавно го поддржува Доналд Трамп, напишал дека не постојат докази дека новиот претседател на САД има давано расистички коментари, а има „тони докази дека Обама ги финансира ИСИС и радикалните џихадисти“.
Веднаш потоа, „твитнал“ дека ќе даде 100 долари на секоја расистичка изјава на Трамп, за која корисниците ќе најдат доказ дека е точна.
Трамп, кој не е ретко обвинуван за расизам, а со силната анти-муслиманска и анти-мексиканска реторика ја спроведе цела кампања, во последните денови е повторно во центарот на вниманието, откако актерот Дон Чидл го обвини јавно дека е расист и мизогинист.
Идејата на Киркланд да го одбрани Трамп, сепак се испоставила како лоша. Наскоро, голем број на корисници на социјалната мрежа му праќале линкови до вести и видеа каде е лесно видливо дека Трамп користи говор на омраза и расизам.
“No evidence of Trump being racist.” Oh man this guy should be a comedian. https://t.co/kchmd8n7eX
— Twitnter is Coming (@OhNoSheTwitnt) March 11, 2017
@kevthor @DavidKirklandJr @OhNoSheTwitnt choose any of these racist comments https://t.co/yC6o4PLsti
— Jo (@Jolovesjuice) March 11, 2017
Сепак, Киркланд вели дека одбива да ги исплати парите бидејќи „никаде не гледа дека Трамп ги кажува тие зборови“. Односно, слично како и претседателот, тврди дека станува збор за „лажни вести“.
@kevthor Let me see him say it….
— David Kirkland (@DavidKirklandJr) March 11, 2017