Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници денеска ја изрази својата поддршка на Студентскиот пленум како автентичен изблик на студентско самоорганизирање и метода на директна акција, кои се во темелот на секое синдикално и активистичко движење.
– ССНМ ги повикува своите членови, новинари и медиумски работници, својата солидарност со студентите да ја искажат со придржување кон професионалните принципи, одбивање на наметнатата пропаганда и борба против автоцензурата на која се принудени во своите редакции, се вели во соопштението на синдикатот.
Студентскиот марш кој е организиран од иницијативата „Студентски пленум“ е закажан за утре и започнува во 12:00 часот пред платото на УКИМ.