Поддршка за протестот за чист воздух од јавни личности

Со единствена порака – „Сите дишеме ист воздух“, музичари, активисти и јавни личности им даваат поддршка на граѓаните во пресрет на утрешниот протест против загадувањето и неажурноста на надлежните во решавањето на овој проблем, кој ќе започне во 17 часот пред Владата.

Изминативе денови, на социјалните мрежи преку хаштагот #НеСеДише голем број луѓе испратија своја порака до јавноста за состојбата со воздухот и апел да се приклучат на протестот.

*За да ги погледнете видеата, кликнете на фотографијата која ве носи директно до оригиналниот извор.