Поддршка од турските студенти во Штип за сирискиот град Кобане

Група млади луѓе од Турција кои студираат во Штип денеска го изразиja својот револт од активностите на џихадистите на Исламска држава во Сирија и Ирак. Како што јавува НОВА ТВ, студентите сметаат дека по 27 дена отпор, време е и турската држава и светот да им помогнат на невините жртви во сирискиот градот Кобане.

„Денеска е 27 ден од отпорот во Кобане, не се засегнати само Курдите туку сиот народ што живее таму, Турци, Арапи, Изиди. Причина што денес сме тука е да им одадеме почит на сите загинати, сакаме и светските медиуми да стават поголем акцент на овие случувања. Терористичката група ИСИС дава лоша слика за исламот што не е точна. Секој ден умираат илјадници невини луѓе, време и турската држава заедно светот да каже стоп за овие случувања“, рече Нерул Аким.

Protest Stip

Фото: НОВА ТВ

Градот Кобане кој е во непосредна близина на турската границата е населен главно со Курди и е цел на радикалните исламисти кои веќе имаат освоено 40 % од него.

Извор: НОВА ТВ