Поддршка на социјалните медиуми со хаштагот #PrayForNigeria по терористичкиот напад

Луѓето ширум светот им оддадоа почит на жртвите и нивните семејства во североисточниот нигериски град Јола, откако двајца бомбаши-самоубијци на Боко Харам убија 32, а повредија 80 луѓе.

И двете експлозии се случиле на пазар во Јола во вторникот. Се верува дека биле организирани од милитантната група Боко Харам. Една од бомбашите самоубијци билo 11-годишно девојче.

Се смета дека Боко Харам за виновни за смртта на повеќе од 2000 Нигеријци изминатава година. Напаѓаат и во Чад, Нигер и Камерун во изминатите години, а последен напад во Нигерија го извршија во октомври, пишува Independent.

Корисниците на социјалните медиуми го споделуваат хаштагот #PrayForNigeria за солидарност со земјата која доживеа многу смртоносни напади изминативе неколку недели.

Извршниот директор на Facebook и негов основач, Mark Zuckerberg најави дека жителите на Нигерија ќе можат да ја користат алатката за безбедност, која вообичаено се користи за природни катастрофи.