Почнува снимањето на краткиот игран филм „Елена“

Краткометражниот игран филм „Елена“ по сценарио и режија на Дина Дума, утре ќе почне да се снима во Скопје. Филмот го работои продуцентската куќа Пигменто визуал студио.

„Елена е трагикомедија за стара дементна жена, која поради болеста мисли дека има седумнаесет години и се подготвува да се сретне со нејзиното момче. Низ комични ситуации се запознаваме со син и, кој треба да ја однесе во дом за стари лица, а за да ја изнесе од куќата почнува да ја лаже дека ја носи на состанок со момчето“, соопшти продукцијата.

Улогата на жената ќе ја толкува познатата српска актерка Ева Рас, а нејзиниот син ќе го игра македонскиот актер Јордан Симонов. Директор на фотографија е Наум Доксевски, продуцент Ванчо Мираковски.

Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија.