Почнува Ликовната колонија во Галичник

Традиционалната, 26-та по ред Меѓународна ликовна колонија „Галичник“ ќе со одржи од денеска до 25 август. На колонијата учествуваат седум уметници и тоа: Јерум Хаусман – Холандија, Бахрам Ќалилов – Азербејџан, Лазар Пејовиќ – Црна Гора, Тошиаки Томита – Јапонија, Марија Сотировска – Македонија, Велимир Жерновски – Македонија и Михаела Јовановска – Македонија.

Колонијата продолжува со своите зацртани прерогативи: квалитет во изборот на уметниците и уникатност во поглед на идејната структурираност, па оттука веќе седма година колонијата се движи во правец на дигиталните медиуми и медиа уметностите, па генерално поканетите уметници се занимаваат со уметничка фотографија, видео, инсталација, дигитална графика и слично, велат организаторите.

Покрај престојот и работата во живописниот Галичник, авторите ќе имаат можност да посетат и некои од околните села, да ги видат водопадите во Ростуше, манастирот Св. Јован Бигорски, а ќе се организира и еднодневна посета на Охрид.