Почнува Кино Кабаре во Битола – со кратки филм ќе се промовираат човековите права

Од утро почнува првото Кино Кабаре во Битола – настан кој е прва активност на КиноБит ќелијата што официјално станува дел од светското Кино движење кое започна во Монтреал во 1999 година.

Концептот е изработка на кратки филмови во краток временски период (48-72) без никакви или со малку ресурси.

Како што велат од здружението Форум 16 Битола, КиноБит ќе има мисија да го искористи краткиот филм како средство за промовирање на човековите права во Македонија.

Првото Кино Кабаре во Битола ќе се одржи во наредните два викенди.

Програмата за првиот викенд (5-6-7) ќе се фокусира на запознавање на учесниците и формирање на тимови, како и работилници со стручни лица за техничките аспекти на филмот и за промовирање на човековите права преку визуелните уметности. Овие активности ќе се реализираат во КРЕДО Центарот на Правниот факултет во Битола.

За време на вториот викенд (12-13-14 октомври) учесниците ќе се соберат на тридневен настан за време на кој ќе работат заедно за да подготват, произведат и прикажат кратки филмови. Прикажувањето на филмовите е најавено за 14 октомври во 18 часот во Малата сала на Центар за култура Битола.