Почнува кампањата насловена „Читајте повеќе, читајте секаде“ која има за цел да ги поттикне луѓето да одвојат повеќе време за дружење со книгите, но и да ги предизвика да читаат насекаде – во автобус или на јавен простор, без стереотипи и предрасуди.
Кампањата, која ја најави Матица Македонска, има за цел поттикнување на социјално-одговорната нишка кај компаниите во Македонија. Кампањата, како што се наведува, е надополнета со учество на македонски компании, кои благодарение на својата социјално одговорна улога во општеството можат да дадат пример кој општеството би го следел.
Клучната цел на кампањата е да им се овозможи на љубителите на пишаниот збор да читаат уште повеќе, да читаат квалитетни наслови, а сето тоа да биде по достапни цени.