Почнува фестивалот „Да читаш е кул!“ во „Мала станица“

Во „Мала станица“ од денеска започнува фестивалот за литература за деца „Да читаш е кул!“. Во следните три денови (до недела) во рамки на фестивалот предвидени се работилници за деца со писатели, илустратори, психолози, антрополози.

Фестивалот ќе опфати и трибина со учесници поврзани со книгата и читањето од повеќе аспекти (преведувачи, уредници, издавачи, автори за деца) од трите земји партнери во проектот.

Во придружната програма на фестивалот ќе има поетски рецитали, читачки сесии, театарска претстава и изложба.

Фестивалот е во рамки на проектот „Читатели од иднината“ што се реализира во партнерство на „Табернакул“ со издавачката куќа „Дитурија“ од Албанија и со агенцијата „Арчипелаго онлус“ од Италија со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската Унија.

Целата програма може да ја следите ТУКА.