Почнува 53. издание на Рацинови средби

Педесет и третото издание на традиционалните поетски вечери „Рацинови средби“, почнува вечерва во организација на Здружението на граѓани „ФАД Стоби“, во Велес.

 Свеченото отворање на манифестацијата ќе се одржи на платото на Спомен костурницата, со почеток во 21.30 часот. Затворањето, пак, е во петок, на големата сцена на Театар „Џинот“ Велес, со почеток во 21.30 часот.

Манифестацијата во овие два дена има богата програма, па во четврток ќе биде промовиран мурал „Ленка и тутуноберачите“, ќе биде засадена Рациновата шума, ќе биде отворена изложба „Грнчарски средби Велес“. Вечерта со процесијата „1.000 свеќи за Рацин“, ќе се положи цвеќе во негова чест по што следува музички перформанс „Бесмртна“.

Во петок ќе биде промовирана стихозбирката наградена со „Антологија на болката“, ќе се отвори изложба на Виолета Силјан.  Во гимназијата ќе биде положено цвеќе на бистата на Рацин, а учениците ќе рецитираат стихотворби, по што следува свеченото затворање на средбите.