Почнува 15-от саем на книга на Клуб Матица

„Традиција 2000-2015“ е слоганот под кој од денеска до 31 јануари ќе се одржува 15-от саем на Клуб Матица. Како и во изминатите, и за оваа година Матица најави попусти на изданијата од 10 до 80 отсто, зашто цел и мото на саемот секоја година е „Книга во секој дом“.

Матица ќе промовира иницијатива за празнување Ден на македонската книга, кој би се одбележувал на 23 мај, ден пред Денот на македонската писменост. Оваа година и саемот е фокусиран на македонските автори и дела.

„Нашата идеја е едноставна – секојдневно дружење со македонски автори, денови во кои нивните дела ќе имаат промотивни цени. Ова е воедно продолжување на афирмирањето на идејата за празнување Ден на македонската книга“, велат од Клубот Матица.