#ПочниСоВодно – еколошка акција утре на скопската планина

Oпштествената одговорност која ја имаме и време е да возвратиме со добро кон нашето Водно, кое е домаќин на настаните на #ПочниСоВодно. Овој пат ќе се одолжиме со тоа што ќе направиме една еколошка акција каде заедно здружени ќе чистиме. Акцијата е со порака. А таа гласи „Чисти патеки за нас“, велат од I love hiking.

Еколошката акција ќе се случува утре и ќе се одвива во тимови.

„Тимот на „Аllga San“ – ќе има патека од средно Водно кон врвот. Тимот на „Public Room“ – ќе има друга патека која ќе води кон врвот на Водно. Тимот на Град Скопје – предводен од Сања ќе чисти по асфалтниот пат. Додека нашите тимови во кои учество може да земете и ВИЕ, тимот на ILH, тимот на DNV и тимот на ТРЕХ. Ќе се чистат патеките од средно до врв, од детско до бункери и патот асфалтниот. Доколку си љубител на дружба, те повикуваме заедно со нас да присуствуваш горе, на врвот на Водно во сабота, од 11 часот, со мала забава и дружба“, стои во најавата за акцијата.

Секој учесник кој ќе се пријави на телефоните долу ќе добие заштитна маска и заштитни ракавици, ланч пакет, а на врвот и добра забава.

Место за собирање е Средно Водно во 9 часот.

Повеќе информации – ТУКА.