Почнаа уписите на Штипскиот универзитет

Околу илјада идни студенти до 12 часот поднеле пријави за запишување на еден од 12-те факултети и трите академии на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип во академската 2014/2015.

Почнаа уписите на Штипскиот универзитет

На 12-те факултети и на трите академии на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип има вкупно 4.728 слободни места, од кои 2.839 за редовни студенти во државната квота, 1.049 во квотата за кофинансирање на студиите и 840 места за вонредни студенти.

Првиот уписен рок на УГД почна денеска и ќе трае утре и задутре. Конечните резултати за прием на кандидатите ќе бидат објавени на 22 август, а запишувањето во првиот уписен рок ќе биде на 25-ти и 26 август, пренесе МИА.